Состојки:
500 гр пилешки батаци
1 лажичка мелена пиперка
2 лажици соја сос
1 лажичка сенф
1 лажица сок од лимон
1 лажичка семе од сусам
Подготовка:
Измешајте соја сос, сенф, сок од лимон, додадете мелена пиперка, бибер и сол по вкус. Добро измешајте и премачкајте ги батаците од сите страни, па ставете ги во фрижидер два часа. Наредете ги во намрсен плех, полијте со малку вода, покријте ги со алуминиумска фолија и печете на 200 степени околу еден час или додека не омекнат. Од време на време прелијте ги со маринадата. Кон крајот извадете ја фолијата и печете додека не станат крцкави. Посипете со сусам, измешајте и печете уште неколку минути за да се потпече сусамот.



GIPHY App Key not set. Please check settings