Со лесна салата, имате одличен оброк.
Состојки:
- 8 печени пиперки
- 400 гр мелено месо
- 2 павлаки
- 4 јајца
- 100 мл масло
- 1 главица кромид
- сол, бибер, масло
- зачини по ваш избор (магдонос, босилек или оригано)
Подготовка:
Кромидот и меленото месо се пржат во масло со зачини по желба. Зачинете со сол и бибер. Изматете ги јајцата и павлаката. Исчистените пиперки наредете ги во огноотпорен сад со малку масло. Наизменично се редат пиперките, филот и така натаму. На крајот треба да има пиперка и премаз од павлака. Печете на 220 C околу половина час.



GIPHY App Key not set. Please check settings