НАШИТЕ хормони се чувствителни и нивната нерамнотежа може да биде предизвикана од различни фактори. Овие проблеми се поверојатно да се појават кај жените отколку кај мажите, и додека исхраната, контролата на раѓање и лековите може да ги нарушат хормоните, стресот е исто така голем предизвикувач на хормоналната нерамнотежа.
Како што објави The Sun, чувствата на преоптоварување, лутина, раздразливост и загриженост, како и замор или лошо расположение, може да бидат знаци дека сте под стрес, а хормоналната нерамнотежа предизвикана од стресот може да доведе до сериозни здравствени проблеми кои не се безопасни.
Како стресот влијае на нашите хормони?
,,За време на стресни периоди, циркулирачките нивоа на стрес хормони како што се адреналин, норадреналин и кортизол се зголемуваат и предизвикуваат каскада од физиолошки реакции. Таквата трајно зголемена состојба на стрес може да доведе до бројни физички и емоционални симптоми и хормонски нарушувања”, предупредува д-р Сара Бруер и нагласува:
Четирите најчести проблеми предизвикани од хроничен стрес се:
чувство на исцрпеност, губење на енергија и депресија
намалување на либидото
промени во менструалниот циклус и отсуство на менструација
дебелеење
Како можеме да си помогнеме?
За среќа, Бруер забележува дека постојат ефективни начини на кои можете да им помогнете на вашите хормони, а техниките за намалување на стресот вклучуваат редовно вежбање, правилно јадење, избегнување екрани, земање додатоци и намалување на внесот на алкохол.



GIPHY App Key not set. Please check settings