Во неделата вечерта контроверзниот мултимилијардер Илон Маск преку анкета ги праша корисниците на својот профил на Твитер дали сметаат дека треба да се повлече од позицијата шеф на споменатата социјална мрежа.
Тој најави дека ќе постапи согласно резултатите од оваа неформална анкета, која заврши во понеделник наутро.
Повеќе од 17 милиони испитаници учествуваа во истражувањето , а конечниот резултат беше 57 отсто од гласовите за и 43 отсто од гласовите против заминувањето на Маск. Основачот на Тесла се’ уште не го коментирал исходот од анкетата , а не се знае кога ќе стапи во сила неговата оставка, пренесува Глорија.
Потсетуваме дека хаотичното управување со Твитер на Маск беше обележано со масовни отпуштања, остри промени во политиката и суспензија на поединечни новинари. Ѕвездите како моделот Џиџи Хадид, писателката Шонда Рајмс и легендарниот музичар Елтон Џон, почнаа масовно да ја напуштаат социјалната мрежа.



GIPHY App Key not set. Please check settings