Решена дилемата…
Вежбајте наутро
Вежбањето рано наутро има многу здравствени придобивки. Го зголемува хормонот ендорфин (хормон на среќата), а исто така го ослободува умот и телото од стрес. Покрај тоа, докажано е дека метаболизмот работи побрзо, што значи брзо согорување на калориите во текот на денот.
Студијата објавена во списанието Medicine and Science in Sports and Exercise покажа дека жените кои пешачеле 45 минути наутро биле помалку во искушение да јадат нездрава храна во текот на денот.
Вежбајте навечер
Вежбањето во вечерните часови најмногу се препорачува во периодот од 14 до 18 часот, бидејќи температурата на телото е највисока во овие часови. Срцевиот ритам и крвниот притисок се исто така најниски во доцните попладневни часови и навечер, што ја намалува можноста за повреда и може да ги подобри перформансите на вежбањето. Не се препорачува да тренирате пред спиење, бидејќи тоа може негативно да влијае на квалитетот на сонот. Вежбањето во вечерните часови се препорачува во периодот споменат погоре.



GIPHY App Key not set. Please check settings