in

Дали трговецот со оружје добил ремек дело благодарение на нацистите: Пет слики се повлечени од музејот во Цирих поради сомнение за кражба

Еден од водечките швајцарски музеи ќе отстрани пет слики од сегашните изложби додека не се заклучи истрагата дали уметничките дела некогаш биле ограбени од нацистите.

Музејот Кунстхаус во Цирих објави дека ќе повлече пет слики, вклучително и ремек-дела на Клод Моне и Винсент ван Гог, поради основани сомневања дека некогаш им припаѓале на нацистите.

Сликите дојдоа во музејот од колекцијата на Емил Бирле, трговец со оружје кој е роден во Германија и заработил огромно богатство за време на Втората светска војна правејќи и продавајќи оружје на нацистите. До моментот на неговата смрт во 1956 година, Бирле собрал колекција од околу 600 уметнички дела, од кои некои се изложени во Кунстхаус според дваесетгодишен договор за заем.

Одлуката на раководителите на музејот да ги повлечат сликите доаѓа по објавувањето на новите упатства и прописи насочени кон следење на големиот број уметнички дела кои сè уште не се вратени на семејствата од кои се украдени.

Сликите што Кунстхаус повеќе нема да ги изложува се: „Градина кај Живерни“ од Клод Моне, „Портрет на скулпторот Луј-Жозеф“ од Густав Курбе, „Жорж-Анри Мануел“ од Анри де Тулуз-Лотрек, „Старата кула „ од Винсент ван Гог и „The Way Up the Hill“ Пол Гоген, објави Би-Би-Си.

Челниците на Управниот одбор на фондацијата Емил Бирле најавија дека ќе се потрудат да најдат „праведно решение“ за сликите од оваа колекција со наследниците на поранешните сопственици.

Меѓутоа, една од сликите „Султанија“ на Едуар Мане дополнително ја комплицира ситуацијата. Имено, оваа фондација смета дека делото на Мане не спаѓа во новата регулатива за враќање на украдените слики и дека, наместо тоа, ќе понуди одредена финансиска компензација на наследниците на Макс Зилберберг.

Овој германски индустријалец, инаку, Евреин, загина трагично во Аушвиц, а огромната уметничка колекција што ја имаше пред Втората светска војна беше продадена на аукции организирани од нацистите. Главното прашање, објави Ној Цирхер Цајтунг, е дали Зилберберг бил принуден да го продаде Мане.

Повеќе од 20 земји, вклучително и Швајцарија, се согласија претходно оваа година да спроведат нови упатства за справување со уметноста украдена од нацистите, усвоени од американскиот Стејт департмент.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Дали нивниот брак се распаѓа како што се шпекулира? Откриено што кажуваат погледите меѓу Кејт и Вилијам

Ова е најмоќниот запис во Библијата: Постои верување дека дури и ѓаволите треперат од тоа