Верувале или не, можеме да изгубиме тежина додека спиеме.
Додуша, колку калории ќе се потрошат додека спиеме зависи од тоа колку сме тешки, колку долго спиеме и која е температурата на телото.
Иако додека спиеме не согоруваме ни приближно толку калории колку додека сме активни, тој број е далеку од нула. За да пресметате колку калории согорувате во сон, помножете ја вашата тежина со 0,84, а потоа со бројот на часови што ги поминувате во спиење. Така, на пример, ако имате 60 килограми и спиете осум часа, ќе потрошите околу 400 калории – вели Бил Фиш, доктор кој го проучува спиењето за „Riders Digest“.
Тој открива дека потрошувачката на калории за време на спиењето може да се зголеми ако ја намалите температурата во спалната соба за неколку степени.
Да ве потсетиме, експертот за проблеми со спиењето Нарван Амини потврди дека е откриено дека спиењето на страна е најкорисната положба за вашиот мозок , со фактот дека таа позиција му помага на вашиот мозок да го исчисти интерстицијалниот отпад побрзо од другите позиции.



GIPHY App Key not set. Please check settings