Малку цвекло, кромид, целер, морков и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да добиете одлична крем супа.
СОСТОЈКИ:
500 гр цвекло
две лажици масло
главица црвен кромид
чешне лук
стебленце целер
поголем морков
литар бистра пилешка супа
100 мл крем за готвење
Кисела павлака
сол, бибер
ПОДГОТОВКА:
Цвеклото исчистете го и исечете го на парчиња. Во тава на врело масло кратко пропржете го сечканиот кромид, додадете го лукот и мешајте уште една минута. Потоа додадете цвекло, целер и моркови, пржете две до три минути, па прелијте ја супата. Кога ќе зоврие, зачинете, намалете ја топлината и динстајте нежно уште 30 минути. Потоа изблендирајте ја супата, вратете ја на оган, измешајте го кремот за готвење и динстајте уште две минути. Послужете додека е топло со кисела павлака.



GIPHY App Key not set. Please check settings