in

Џорџ Клуни ја поддржа Камала Харис

Филмската ѕвезда Џорџ Клуни, кој цел живот ја поддржува Американската демократска партија и беше еден од првите кои го повикаа американскиот претседател Џозеф Бајден да се повлече од изборната трка, ја објави својата поддршка за Камала Харис во нејзината претседателска кампања.

Клуни ја поздрави одлуката на Бајден да се повлече од изборната трка, пишува АФП.

„Претседателот Бајден уште еднаш покажа што е вистинско лидерство“, рече американскиот актер, додавајќи дека ќе направи се што е потребно за да ја поддржи Харис во нејзината кампања.

Претходно денеска Харис објави дека обезбедила доволно поддршка од делегатите за да стане кандидат на Демократската партија на претседателските избори што ќе се одржат во ноември.

Таа на социјалната мрежа Х напиша дека нејзината намера е да ги „обедини партијата и нацијата“ и да го победи републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

„Овие избори ќе претставуваат јасен избор меѓу две различни визии. Доналд Трамп сака да ја врати земјата во време кога многумина од нас немаа целосна слобода и еднакви права. Верувам во иднина која ја зајакнува нашата демократија, ја штити слободата на репродуктивното здравје и гарантира дека секој човек има можност не само да преживее, туку и да оди напред“, рече Харис.

Демократската партија треба да го потврди својот претседателски кандидат на партиската конвенција што ќе се одржи од 19 до 22 август.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Лубеницата и дињата не се препорачуваат за секого, се советува претпазливост за одредена група на луѓе

Хороскопски знаци кои не бираат зборови во расправија