Американскиот актер Леонардо ди Каприо неодамна беше фотографиран во друштво на, наводно, нова девојка чие име се уште не е познато.
Актерот неодамна присуствуваше на приватната забава на манекенката Ебони Рајли во Лос Анџелес, а друштво му правеше мистериозна девојка чие име се уште е непознато за пошироката јавност.
Што се случи со претходната девојка и актерка Викторија Ламас – никој не знае, но фоторепортерите сепак успеаја да ја фатат новата девојка.
Ди Каприо, кој го следи гласината дека излегува само со девојки помлади од 25 години, дошол во лежерно издание, фармерки, маица и јакна, а најмногу само се насмевнал во близина на својата нова девојка, пишуваат американските медиуми.



GIPHY App Key not set. Please check settings