Овен (21. 3 – 20. 4)
Позицијата на Венера, владетелот на партнерските односи, носи дискусија со личност која е присутна во јавноста преку работа. Квадратот помеѓу Месечината и Нептун во куќата на потсвеста ве прави раздразливи навечер. Внимание во сообраќајот.
Бик (21. 4 – 21. 5)
Ретроградниот Меркур, кој управува со вашите финансии, прави секстил со Месечината, па работата која долго време е „на чекање“ ќе ја завршите побрзо. Позицијата на вашиот владетел Венера, ви носи вонредни трошоци. Подложност на вирусни инфекции.
Близнаци (22 мај – 21 јуни)
Месечината во вашиот знак прави квадрат со Венера, која владее со вашиот љубовен живот, што носи проблеми во комуникацијата со саканата личност. Предизвикувачките аспекти со Сатурн и Нептун ја поттикнуваат вашата амбиција и упорност. Внимание во сообраќајот.
Рак (22 јуни – 22 јули)
Нагласената куќа на потсвеста и идеите ја зајакнува вашата интуиција, но и желбата за спроведување на некои деловни планови. Позицијата на ретрограден Меркур во куќата на парите ве предупредува повеќе да водите сметка за трошоците. Променливо расположение.
Лав (23. 7 – 22. 8)
Со Месечината во куќата на општествениот живот и ретроградниот Меркур во вашиот знак, ве повикуваат старите симпатии, потајно надевајќи се дека повторно ќе бидат дел од вашиот живот. Аспектите на вашиот владетел, Сонцето, ви носат конфликти со властите.
Девица (23. 8 – 22. 9)
Со Венера во вашиот знак, не можете да останете незабележани, но нејзиниот квадрат со Месечината ве прави понервозни. Посветете повеќе внимание на финансиите, особено ако се занимавате со некоја креативна работа. Избегнувајте алкохол во вечерните часови.
Вага (23 септември – 22 октомври)
Нагласената куќа на интуицијата, како и ограничувањата, ве прави склони кон испрашување кога станува збор за односите со одредени луѓе. Можно е да се открие тајна романса со колега. Парите влегуваат преку споредна работа. Одморете повеќе.
Скорпија (23 октомври – 22 ноември)
Месечината, симбол на емоциите, во напнати аспекти со вашите владетели, Плутон и Марс, планетите на парите и акцијата, ве предупредува да избегнувате непотребни трошоци. Страсна средба со помлада личност. Намалете го внесот на шеќер.
Стрелец (23 ноември – 21 декември)
Преминот на Месечината над куќата на партнерските односи ви носи триење и расправии со саканата личност. Аспектите на вашиот владетел Јупитер ви носат пари, особено ако сте вклучени во некоја услуга или активност поврзана со патување.
Јарец (22 декември – 20 јануари)
Со Месечината во домот на работата, под влијание на вашиот владетел, ретроградниот Сатурн, може да се одложи договорот со странци. Вечерта добивате покана за состанок од личност која долго време не сте ја виделе. Поминувајте повеќе време во природа.
Водолија (21. 1 – 19. 2)
Транзитот на Месечината, симбол на емоциите, над куќата на љубовта, под влијание на Меркур, ви носи средба со стара симпатија. Вечерта може да добиете вести за деловен договор со странци. Избегнувајте престој во климатизирани соби.
Риби (20. 2 – 20. 3)
Нагласените куќи од приватниот живот и партнерските односи ја поттикнуваат вашата амбиција во врска со независна активност или партнерски бизнис. Можно обновување на соработката со луѓе со кои порано работевте. Подложност на повреди во домот.



GIPHY App Key not set. Please check settings