Дали барате совршено благо во кои ќе уживаат и децата и возрасните? Одговорот е домашен пудинг од ванила со банана… Уживајте!
Состојки:
три јајца,
чаша шеќер,
чаша млеко,
четири банани
лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќер додека не се запенат, па се додава млекото и убаво се меша. Изгмечете три банани, додајте ги во смесата, па соединете. Гответе на пареа со постојано мешање додека смесата не почне да се згуснува. Истурете во чинии, украсете со уште неколку свежи банани, а потоа изладете и послужете. Пријатно!



GIPHY App Key not set. Please check settings