in

Дознајте ги ОДГОВОРИТЕ СЕГА! Ова се трите најчести прашања со кои се соочуваат нутриционистите!

Нутриционистката Марија Ѓурковиќ даде одговори на трите прашања кои најчесто ги добива од своите клиенти.

Кога станува збор за регулирање на нивната исхрана , многумина бараат помош од професионалци, како што се нутриционистите, кои ќе им помогнат на тој пат.

Секако, пред да се впуштат во целиот процес, многу луѓе имаат различни прашања, а нутриционистката Марија Ѓурковиќ издвои три од најчестите со кои се среќава:

Колку килограми ќе изгубам за еден месец?
Како што истакна таа, природно е да ве интересира бројот на килограми што ќе ги изгубите, но би сакала да видите и други придобивки, како што се подобар сон, помал волумен, подобар изглед на кожата и косата. Просечната загуба е од два до шест килограми на месечно ниво.

Дали е потребна детоксикација?
Со оглед на тоа дека црниот дроб, бубрезите и кожата ја извршуваат функцијата на детоксикација во организмот, не е неопходно да се земаат дополнителни шејкови, чаеви и слично, кои би имале улога на детоксикација во оваа смисла.

Дали се дебелее…?
Наоѓањето вина и демонизирањето на одредена храна како леб, тестенини, компири, дури и овошје нема да ви донесе ништо добро. Ниту една храна сама по себе не доведува до дебелеење, туку вкупната количина на храна, која ја внесуваме во текот на денот, а не ја консумираме – заклучува Марија.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Никогаш не била во сериозна врска: „Да се ​​биде неверојатно убав е проклетство, момчињата се плашат од мене“

Како темелно да го исчистите креветот?