Популарниот актер Драган Маринковиќ Маца присуствуваше на Сараевскиот филмски фестивал (СФФ) и при таа прилика, со својот типичен ироничен стил, се осврна на доаѓањето на пејачката Теа Таировиќ.
На прашањето за присуството на познати лица на фестивалот, Маца во шега направи паралела со претходни гости како што се Маца Дискреција, Северина и Јелена Карлеуша, а потоа се осврна и на Теа. Рече: „Кога беа Северина, Маца Дискреција, Карлеуша… Еве, сега доаѓа и Таировиќ. Фала му на Бога! Ете, гледаш. Сега почнува да добива поголема димензија, подобра, поубава и така.“
Иако на прв поглед овие зборови звучат како пофалба, неговиот тон јасно укажува на иронија. Всушност, Маца се пошегувал на сметка на сè поголемото присуство на естрадни личности на фестивалот, сугерирајќи дека границата помеѓу филмскиот фестивал и естрадата сè повеќе се брише.


