Чилеанскиот пар, Лорена и Родолфо, организираа несекојдневно откривање на полот на своето бебе, кое особено ги воодушеви љубителите на „Покемон“. Тие употребија огромни карти инспирирани од популарната колекционерска игра.
На забавата, идните родители постепено ја зголемувале неизвесноста, откривајќи по една специјално изработена картичка. Меѓу нив беа кратите Gengar, Flareon, Pikachu и Lucario, додека присутните со нетрпение очекуваа што се крие на последната карта.
Кулминацијата настапи со последната, персонализирана карта, на која Лорена и Родолфо се претставени како го држат своето новороденче. Откривањето беше концепирано како вистинска епизода од светот на „Pokémon TCG“.
Овој момент дополнително го привлекол вниманието на фановите бидејќи се совпадна со 30-годишнината на „Pokémon“ TCG серијата, па креативното откривање доби уште поголемо значење за гејмерската и колекционерската заедница.
Парот наместо традиционални балони, торта или конфети, избрал уникатен начин кој ја спојува нивната љубов кон „Покемон“ со радоста од доаѓањето на новиот член во семејството.


