Теа Таировиќ „однесе“ со нови песни, а видеата допрва ќе ги погледнете.
Пејачката Теа Таировиќ оваа година реши да ги „опреми“ обожавателите со хитови за лето, па објави албум наречен „Теа“ кој содржи 13 песни и за кој, според пишувањата на медиумите, платила половина милион.
Како и секој пат, така и Теа се погрижи задоволството да биде и од визуелен тип, а секоја песна беше придружена со спотови. Дека пејачката никогаш не изгледала подобро, доказ се кадрите во кои таа се лула и танцува во предизвикувачки комбинации пред камера. Теа изведе стомачен танц, гушната со своето момче, а нема кој да не зборува за сцените од спотот за песната „Пец“.
Таа започна во обичен костим, каков што често ја гледаме, а потоа се соблече до горен дел и гаќички и заигра во вода. Голата и мокра Теа се тркалаше и правеше акробации, а никој не остана рамнодушен на она што го виде.



GIPHY App Key not set. Please check settings