in

Голем пожар во Шуто Оризари – Опожарени 20 дуќани, без повредени

Денес рано утро избувна голем пожар во трговски објект на улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари, при што се опожарени повеќе од 20 дуќани. За среќа, нема повредени, но причинета е значителна материјална штета.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен во 03:20 часот, а огнот зафатил дуќани со текстил и друга стока, сопственост на едно лице, дадени под закуп.

Бригадата за противпожарна заштита од Скопје била ангажирана за гаснење, а учествувале 15 пожарникари со шест противпожарни возила. Гаснењето започнало во 03:31 часот и траело до 06:45 часот.

Од МВР не соопштуваат причините за избувнување на пожарот. На местото на случката ќе биде извршен увид за да се утврдат околностите под кои избувнал огнената стихија. Надлежните институции продолжуваат со активности за расчистување на случајот.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Тренерот Вата со нови провокативни фотки и копнеж за љубовта