Хрватскиот град е вклучен во листата на најубави места за гледање на зајдисонце во Европа. Станува збор за Задар, чии зајдисонца Алфред Хичкок ги сметаше за најубави на светот.
Британскиот портал LeaseCar.uk објави листа на места низ Европа за љубителите на зајдисонце кои планираат летен одмор.
„Зајдисонцата се спектакуларна глетка што многумина од нас обожаваат да ја гледаат. Многу љубители на зајдисонце на социјалните мрежи споделија слики од нивните најубави „откритија“. Низ Европа има прекрасни места за гледање на зајдисонцето. Сакаме да споделиме девет локации кои многумина ги опишуваат како најдобри места за уживање во зајдисонцето“, вели порталот, пишува Индекс.
Список од девет места со најубави зајдисонца, според британскиот портал:
Замокот Оја, Санторини
Порто, Жардин До Моро, Португалија
Парк дел Гинардо, Барселона
Вал д’Орсија, Тоскана, Италија
Риегрови Сади, Прага
Задар, Хрватска
Primrose Hill, Лондон
Кери Клифс, округот Кери, Ирска
Масив Веркорс, Франција
GIPHY App Key not set. Please check settings