Здружението на млади уметници на Црна Гора (UMUCG) ја повика Општина Тиват и Туристичката организација да ја преиспитаат одлуката за новогодишниот настап на Светлана Цеца Ражнатовиќ на Пине. Тие испратија отворено писмо до директорката на Туристичката организација, Нина Лакичевиќ, и до градоначалникот Жељко Комненовиќ, изразувајќи незадоволство од изборот на уметник за прославата.
Во писмото се нагласува дека ваков концерт може да има негативен ефект врз имиџот и културниот развој на Тиват. Според UMCUG, градот треба да изгради препознатливост како современа и прогресивна туристичка дестинација, а не да се потпира на „естрадизирани“ содржини.
„Со ова писмо сакаме да укажеме на негативните последици од вакви одлуки за имиџот и културниот развој на градот. Во времиња кога Црна Гора се стреми да достигне европски стандарди, концертот на Цеца е поразителен“, се истакнува во писмото.
UMUCG го споредува овој избор со настапот на светски познатиот диџеј Black Coffee во Будва, нагласувајќи дека таков избор ја поврзува популарната култура со музички квалитет.
Здружението бара откажување на најавениот концерт, а средствата предвидени за него да се пренаменат за културни активности кои подобро одговараат на угледот на Тиват. Тие исто така понудиле помош за создавање нова културно-уметничка програма за новогодишната прослава.

