Веќе знаеме дека бобинките се меѓу најздравите намирници што можеме да ги јадеме. Богати се со влакна, како и цела палета на антиоксиданси и други важни микронутриенти. Според статијата на Ерик Рим, професор по епидемиологија и исхрана ( Harvard TH Chan School of Public Health ), се чини дека луѓето чија исхрана е богата со бобинки живеат подолго. Не само тоа, туку тие имаат и бистар и витален ум дури и во подоцнежните години. Според заклучоците од неодамнешното истражување ( Journal of Alzheimer’s Disease, јули 2022 година ), главната состојка одговорна за ова е пеларгонидин, за кој се тврди дека може да ја забави когнитивната дегенерација и Алцхајмеровата болест.
ТОП 5 НАМИРНИЦИ ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТ
- Јагоди
Не е изненадување што јагодите се на врвот на листата бидејќи се богати не само со пелагонидин, туку и со витамин Ц, за кој одамна е познато дека е сериозен борец против токсините, слободните радикали и моќен зајакнувач на имунолошкиот систем.
- Брусница
Брусницата има и докажани антиинфламаторни својства, а покрај пеларгонидин изобилува и со проантоцијанидински соединенија кои имаат природно антибактериско дејство.
- Сливи
Сливите се одговорни и за бистар, брз и витален ум. Сливите содржат полифеноли кои го забавуваат падот на когнитивните функции. Тие имаат голем број други придобивки и можат да бидат корисни за шеќер во крвта и запек.
- Ротквици
Освен што го содржат овој моќен антиоксиданс, ротквиците се полни со калиум, кој влијае на крвниот притисок и го намалува ризикот од срцев удар. Ќе додадеме и дека ротквиците се одлични за здрав скалп и сјајна коса.
- Грав
Ако сакате да го зголемите внесот на пеларгонидин и проин од растенијата, тогаш свртете се кон гравот. Исто така е одличен извор на валакна, кои можат да го намалат нивото на холестерол и да го одржуват шеќерот во рамнотежа.



GIPHY App Key not set. Please check settings