Познатата германска инфлуенсерка Соња Дениг мислела дека ја нашла совршената соба за одмор во одморалиштето Вестерленд на германскиот остров Зилт, кој е познат по своите песочни плажи.
Оваа 28-годишна девојка платила соба со поглед на море, па на TikTok покажа што всушност ја чека таму –
@sonnyloops HAHAHAH #airbnbfail #funny #verarscht ♬ Originalton – Sonny Loops 🌙
На почетокот на снимката ја покажала собата, а потоа се приближила до прозорецот со навидум магичен поглед, но потоа сфатила за што се работи – постер залепен на стаклото.
“Не заебаа. Мислевме дека имаме прекрасен поглед, но тоа е фотографија. Ние сме во подрумот”, вели таа во видеото кое собра повеќе од 3,6 милиони лајкови и бројни коментари.
„Најлудото е што фотографијата изгледа сосема реално“, напишал еден следбеник, а многумина биле изненадени од фактот што никаде не пишувало дека се работи за соба во подрумот.



GIPHY App Key not set. Please check settings