Тој ги подели мислењата на луѓето, а многумина беа заплашени
Јавните тоалети не се многу популарни на овие простори, но има еден кој привлекува големо внимание и е познат како „најпознат на Балканот“.
Инфлуенсерката Натали Раде неодамна на своите следбеници им покажа како изгледа „паметен тоалет“ во Славонија и предизвика голема врева.
Зошто е толку посебен? Бидејќи сето тоа е стакло и практично проѕирно!
Да, добро прочитавте. Поставен е на јавна површина, а се чини дека секој може да види што се случува внатре. Сепак, вистината е поинаква.
Имено, додека седите на тоалетот, можете да го видите целиот пејсаж, додека надворешните ѕидови се како огледало и вашата интимност е заштитена.
Натали ги снимаше пријателите одвнатре, а кога ги сменија местата, не можеше да ја задржи смеата.
„Паметниот тоалет“ ги подели мислењата на луѓето. Некои го коментираат со ентузијазам, додека други се исплашени.
„Каква траума“, „Ова е рај за егзибиционистите“, „Попрво би страдал додека не се вратам дома“, гласат дел од пораките.
Дали би го користеле овој тоалет? Пишете ни во коментари.


