Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша важи за некој кој нема влакна на јазикот, а со својата искреност и остар јазик често разоружува многумина.
Таа искрено одговори на прашањето дали е заљубена, како и дали повторно ќе се омажи.
-Можам да кажам дека има некој. Но се во свое време … Јас и Душко одамна не сме во врска маж-жена, односно повеќе од пет години и би било нереално никој да не ми се додворува, никој да не ме сака, и никој да не ме прегрне и бакне. Не велам дека сум заљубена, но задоволна сум. Не сум некој што блеска поради некој друг, блескам најмногу кога сум задоволна со себе. Тоа е најдоброто решение за сите женски проблеми, блеснете, драги дами, за себе, не за вашиот партнер, бидејќи вие сте единствената константа.
– Морам да кажам една тајна, поточно не тајна, туку вистината, а тоа е дека секој маж со кој сум била ме запросил. Едно време ги собирав и тие вереничките прстени, ги имам некаде во кутија, сите ги чувам. Имам и една анегдота со мојот прв сопруг Бојан, имено, тој ме сврши неколку пати, па раскинавме … Па имам само неколку прстени од него и секој пат тој стануваше се подобар и подобар, сè поскапи беа. Што се однесува до бракот, кога ќе помислам, веднаш замислувам каква би била таа свадба на продукциски план. Мислам дека третиот пат би било лудо. Никогаш не знаеш што носи денот, а што ноќта. Не сонувам повторно да се омажам, сонувам за други работи, за, на пример, да имам огромно засолниште за животни, сонувам за светска слава, за успехот на песните од албумите „Алфа“ и „Омега“, кои не е невозможно. Не сум како другите жени кои фантазираат за љубов и страст. Повеќе сум возбудена да одам на шопинг отколку да имам секс – изјавила таа.



GIPHY App Key not set. Please check settings