in

Како да направите совршено тесто за пица?

Се чини дека не постои човек кој не сака пица – познато италијанско јадење кое има многу верзии. Љубителите на ова јадење постојано го усовршуваат и пробуваат нови варијанти, па има многу видови, меѓу кои и слатката пица, во чиј вкус многумина уживаат. Силно се сомневаме дека Италијанците се воодушевени од таков вкус, бидејќи знаеме дека тие се особено чувствителни на овој специјалитет, како и дека ги претпочитаат класиците, како што се маргарита и капричиозата.

Можете сами да направите добра маргарита и капричиоза, а не ви требаат посебни вештини. Сепак, треба да знаете и проверен рецепт за тестото, бидејќи тој е најважен во целиот процес.

Буквално ви требаат само 10 минути време и пет состојки за да го направите ова тесто, а дури и Италијанците би биле воодушевени.

Состојки:

  • 80 ml топла вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка инстант квасец
  • 135 гр брашно
  • 1 лажица маслиново масло

Подготовка:

Во водата сипете ги квасецот и шеќерот, измешајте и оставете околу 3-5 минути.

Во меѓувреме, во друг сад измешајте ги солта, брашното и маслиновото масло, па додадете го активираниот квасец и мешајте додека не се соединат сите состојки.

Извадете го тестото на набрашнета површина и месете го неколку пати. Расукајте го во тенок круг и наредете ги состојките по желба.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Со овие совети нема грешка: Како да ги нацртате веѓите без да изгледате како карикатура ВИДЕО

Дали децата треба да спијат во креветот со мајката?