in

Катиа Донева на модната писта во Милано со впечатлив стил!

Македонската инфлуенсерка и модел Катиа Донева направи нов чекор на светската модна сцена, настапувајќи на модната недела во Милано.

Овојпат, таа се појави во стилска комбинација која веднаш привлече внимание. Носеше долг сив капут, под кој се наоѓаше црна облека, а изгледот го комплетираше со пуштена руса коса.

Минималистичкиот стил, во комбинација со нејзината самоувереност на пистата, создаде модерен и елегантен впечаток.

Катиа, која со години работи во модната индустрија, ја прошири својата кариера и во Дубаи, каде што продолжува да гради име како модел и инфлуенсерка. Талентот и трудот ја довеле до соработка со различни модни брендови, а нејзиниот лик често се појавува во кампањи на интернационални компании.

Ова појавување во Милано е уште едно значајно искуство за Донева и потврда дека македонските модели сè почесто добиваат признание на светската модна сцена.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Физичка пресметка меѓу пилоти на летот за Тел Авив, авионот пренасочен во Саудиска Арабија!

Причини за појава на бели зрнца под очите