in

Кендрик Ламар ќе настапи на полувремето од Суперболот следната година

Раперот Кендрик Ламар следната година ќе настапи на полувремето од Супербоулот, објавија американските медиуми.

Во изјава, Ламар порача: „Рап музиката продолжува да биде највлијателниот жанр до сега. И јас ќе бидам таму за да го потсетам светот зошто е тоа така. Донесоа вистинска одлука“.

„Rock Nation“, „Apple Music“ и „NFL“ во неделата објавија дека Ламар ќе настапи на полувремето на најгледаниот спортски настан во Америка.

Натпреварот и настапот ќе се одржат на 9 февруари 2025 година.

Ламар, кој претходно освои 17 Греми награди, рече дека се радува на неговиот настап и на натпреварот.

Ова не е првпат за славниот рапер да се појави на манифестацијата, со оглед дека во 2022 година настапи на сцената како гостин со неговите колеги Д-р Дре и Снуп Дог.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ФОТО: Лана Дел Реј за прв пат во јавноста со 17 години постариот партнер

Еве што вели адвокатот за ќерката на Анџелина Џоли, која реши да го тргне името на нејзиниот татко