Приближно десет години по инцидентот со грабежот во Париз, Ким Кардашијан доби само 1 евро како отштета. Парискиот суд донесе одлука во граѓанската постапка поврзана со вооружениот грабеж за време на кој реалити ѕвездата беше ограбена во 2016 година.
Важно е да се напомене дека Ким сама го побарала ова симболично надоместување, без да бара враќање на вредноста на украдениот накит. Според информациите, нејзината намера била да обезбеди симболично судско признание и одговорност за искуството што го доживеала.
Грабежот се случи во октомври 2016 година, за време на Париската модна недела, кога маскирани крадци, облечени како полицајци, влегле во хотелската соба на Кардашијан, ја врзале и и се заканувале со пиштол, пред да и украдат накит вреден над 6 милиони долари, вклучувајќи го и познатиот дијамантски веренички прстен.
Случајот, познат во Франција како грабежот на „бабите и дедовците разбојници“, добил судска разрешница во 2025 година, кога осум лица беа прогласени за виновни за нивната улога во инцидентот.
Во истата постапка, хотелскиот рецепционер, кој исто така бил погоден од грабежот, добил отштета од 109.516 евра, додека хотелот бил обештетен со 50.000 евра.
И покрај тоа што накитот вреден милиони долари во голема мера никогаш не бил пронајден, Ким заврши со симболична отштета од 1 евро – токму она што сама го побара.


