in

Кое кафе е поздраво – турско со млеко или филтер?

Спроведени се многу истражувања за влијанието на кафето врз човечкото тело, а се покажало дека начинот на кој се подготвува кафето многу влијае на тоа колку популарниот топол напиток е штетен или корисен за организмот.

Според експертите, турското кафе и еспресо се најопасни за човечкото тело.

„Таквите кафиња содржат поголеми количини на хемикалиите кафестол и кахвел, кои имаат негативен ефект врз кардиоваскуларниот систем, а исто така го зголемуваат нивото на нездравиот (ЛДЛ) холестерол и триглицеридите во крвта“, изјави за Си-Ен-Ен нутриционистката Лиза Драјер.

На второ место се кафето со млеко и капучиното. Вака подготвеното кафе содржи повеќе калории бидејќи содржи млеко, па затоа систематското консумирање кафе со млеко може негативно да се одрази на фигурата, пренесува Index.hr.

Кафето со филтер се покажа како најкорисно. Вака подготвеното кафе содржи најмалку штетни материи, покажува истражувањето објавено во European Journal of Preventive Cardiology.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Декораторката посочи седум грешки кои луѓето ги прават кога го украсуваат својот двор

Три хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите убавици