Со салата и пире од компири или ориз како прилог, овие ќофтиња ќе ги задоволат и најпребирливите непца.
Секогаш кога ќе ви снема идеи што да подготвите за ручек , добро решение ќе биде јадење од мелено месо . Покрај мусаката, ќофтињата се најчестиот избор на локалните домаќинки.
Покрај класичните ќофтиња во сос од домати и оние пржени на врело масло или маснотии, се повеќе домаќинки избираат да прават ќофтиња во рерна.
Полесни се, не впиваат масло, а по вкус воопшто не се инфериорни во однос на пржените во длабоки маснотии.
Состојки:
- 500 гр мелено свинско месо
- 500 гр мелено говедско месо
- 3 глави кромид
- 3 чешниња лук
- 3 јајца
- 2 лажици бајат леб
- сол
- бибер
- лажица сода бикарбона
Подготовка:
Лебот издробете го и потопете го во малку вода, па добро исцедете го. Додадете мелено месо, јајца, сол, бибер, исечканиот кромид и лук, како и една лажица сода бикарбона и добро измешајте. Смесата за ќофтиња ставете ја во фрижидер половина час.
По половина час обликувајте ги ќофтињата и наредете ги во тавче обложено со хартија за печење. Печете ги ќофтињата во рерна на 220 степени 15 минути, а потоа извадете ја тавата, свртете ги ќофтињата на другата страна и продолжете да ги печете уште 15 минути.



GIPHY App Key not set. Please check settings