За да избегнете дефекти и да го продолжите животниот век на уредот, важно е да знаете како да го изладите брзо и ефикасно.
Денешните современи технологии овозможуваат работа секаде, па затоа некои решија дел од работата да ја вршат на отворено во текот на летните месеци.
Не е невообичаено некои луѓе да го однесат лаптопот во викендица, плажа или тераса во кафуле, каде што ги завршуваат обврските. Сепак, тука има проблем. Високите температури предизвикуваат прегревање на уредот.
Како ефикасно да се излади лаптопот?
Со овие методи на ладење, големи се шансите вашиот лаптоп да трае подолго.
Исчистете ја прашината
Прашината може делумно или целосно да ги затвори отворите за вентилација на лаптопот, поради што е важно редовно да ја отстранувате прашината од површината, како и работите во негова близина. Не користете влажна крпа за да го избришете лаптопот, бидејќи влагата може да уништи поединечни компоненти на лаптопот.
Користете држач за лаптоп
Држачот со вентилатор или без вентилатор ќе му овозможи на вашиот уред „полесно да дише“ и ќе го намали или елиминира ризикот од прегревање. Вакви штандови можете да набавите во повеќето продавници за компјутери.
Вклучете го вентилаторот или клима уредот
Ако работите на вашиот лаптоп во екстремно топла просторија, неизбежно е да биде и потопло од вообичаено, но со вклучување на клима уред или вентилатор во близина на лаптопот ќе се намали неговата температура.
Заштитете го од сонцето
Не преоптоварувајте го лаптопот со премногу активни програми. Ако му дадете премногу задачи, дури и најдобрите ќе се справат лошо. Кај постарите модели тоа предизвикува прегревање бидејќи послабите процесори и помалото количество RAM меморија не можат да се справат со голема количина на процеси, пишува Tech Guided, а пренесува net.hr.



GIPHY App Key not set. Please check settings