in

Леталото Орион слета во Тихиот Океан

Слетувањето се случило во близина на мексиканскиот остров Гвадалупе во 9:40 часот по локално време. Капсулата влезе во атмосферата на Земјата со брзина од 39.400 километри на час.

Капсулата Орион на беспилотната лунарна мисија Артемида 1 на американската вселенска мисија падна во неделата во Тихиот Океан по повеќе од 25 дена во вселената и лунарната орбита.

Поради должината на орбитата, на капсулата и’ требаше една недела да патува на половина пат околу Месечината, по што повторно ја напушти орбитата на Месечината и почна да се враќа на Земјата.

За време на летот, Орион беше на најголема оддалеченост од Земјата од кое било вселенско летало дизајнирано за летот на астронаутите. Беше оддалечено околу 434.500 километри од Земјата.

Слетувањето се случило во близина на мексиканскиот остров Гвадалупе во 9:40 часот по локално време. Капсулата влегла во атмосферата на Земјата со брзина од 39.400 километри на час и морала да издржи топлина од речиси 2.760 степени Целзиусови, соопшти НАСА.

Во своето вртоглаво спуштање, леталото беше забавено прво од атмосферата, потоа со серија од 11 падобрани, додека не достигна брзина од околу 30 километри на час кога се спушти во океанот.

Новата вселенска програма на НАСА „Артемис“ конечно започна, по бројни одложувања, минатата недела со лансирањето на вселенското летало Орион.

Целта на програмата е повторно слетување на американски астронаути на Месечината, за прв пат по речиси 50 години.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Што ве очекува во љубовта оваа недела?

Свирењето на пијано го подобрува расположението