Во Калифорнија, се случи несекојдневна и симпатична сцена која привлече многу внимание кај љубителите на животни. Мало кученце од расата златен ретривер реши да биде ‘тренер’ и го одведе коњот кој е многу поголем од него на прошетка.
Снимката е направена во Џејнсвил од Натали Наканиши, еден професионален тренер за коњи. Таа раскажала дека по завршувањето на работата со коњот на нејзиниот клиент, кученцето ја зело водилката.
Наместо да го испушти јажето, кученцето храбро продолжило напред, а коњот мирно го следел. Контрастот помеѓу малечкото куче и големиот коњ ја направил сцената особено слатка.
„Умрев од смеа. Беше толку слатко колку што беше мало, а коњот се однесуваше толку добро“, изјави Наканиши. Таа исто така нагласи дека било интересно да се види како коњот го почитува кученцето и со мирно движење го следи, додека кученцето беше гордo на својата нова улога.

