in

Луѓето користеле психоактивни супстанции пред 25.000 години – ново откритие од археолозите

Научниците открија нови докази кои укажуваат на тоа дека луѓето можеби консумирале психоактивни супстанции многу порано отколку што досега се сметаше.

Истражувањето, кое било спроведено на остатоци од двајца праисториски ловци-собирачи на индонезискиот остров Сулавеси, покажало необично оштетување на забите и присуство на супстанции поврзани со бетел-оревот.

Еден од пронајдените скелети датира помеѓу 16.000 и 25.000 години. Анализите сугерираат дека длабоките жлебови на забите биле резултат на долго држење и цицање тврди, округли предмети, веројатно бетел-ореви.

Бетел-оревот, кој потекнува од палмата ,,Areca catechu”, содржи ареколин – психоактивна супстанција со стимулирачки и вкочанувачки ефект. Денес, бетел-оревот се употребува во некои делови на Азија, обично во комбинација со вар за да се зголеми неговото дејство.

Научниците веруваат дека луѓето во минатото цицале ореви за да ја ублажат забната болка, бидејќи оваа супстанција создава чувство на вкочанетост во устата. Но, со текот на времето, оваа навика могла да доведе до дополнителна штета на забите, создавајќи цикличен ефект на болка и повторна употреба.

Ова откритие, објавено во научно списание, е најстар познат археолошки доказ за редовна употреба на психоактивни растителни супстанци. До сега, производството на пиво во денешен Израел, изнесувано на околу 13.000 години, беше сметано за најстариот доказ.

Истражувачите нагласуваат дека употребата на вакви супстанции веројатно започнала и порано, но доказите од тој период се исклучително тешко достапни и зачувани.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Франција ја прекина поддршката за Инфантино и најави промени во ФИФА