in

Мадона во друштво на 37 години помлад фудбалер: Цело време се држеа за рака, заедно ќе го прослават нејзиниот 66 роденден

Музичката ѕвезда Мадона неодамна беше видена во Италија во друштво на 37 години помладото момче со кое беше многу блиска, а се шпекулира дека пејачката има нов партнер.

Мадона летово го поминува во Портофино, а друштво и прави 28-годишниот Аким Морис, фудбалер од Јамајка, со кој во 2022 година позираше за насловната страница на магазинот „Пејпер“.

Со оглед на тоа дека пејачката за два дена ќе наполни 66 години, се претпоставува дека станува збор за роденденско патување, а се уште не се знае точно колку време се заедно. Таа сподели објава со него пред нешто повеќе од еден месец, но се уште официјално не ја потврди нивната врска.

Сепак, се чини дека тоа веќе не е тајна, а во Италија позираа фатени за раце.

Како што понатаму пренесува Дејли Мејл, тие заедно со пријателите ручале во луксузен ресторан, а туристите постојано ја барале големата ѕвезда.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

„Јадат вселенска храна и гледаат низ прозорецот“, вели НАСА за заглавените астронаути!

КАТАРИНА РЕБРАЧА ОСУДЕНА НА ЗАТВОР! Поранешната манекенка доби 34 месеци за злоупотреба на средства од Фондот за превенција од рак на дојка