Ова се, без претерување, најсовршените мафини со спанаќ и фета што некогаш ќе ги вкусите… Уживајте!
Состојки:
две лажици маслиново масло,
лажичка сол
половина кесичка прашок за пециво,
60 гр брашно за сите намени,
50 гр пармезан,
три јајца
300 гр фета сирење,
150 гр спанаќ
лажичка сув зачин
Подготовка:
Исечкајте го спанаќот, посолете го и оставете го да отстои пет минути. Измешајте ги жолчките со маслиново масло, додадете пармезан, сув зачин, исцеден спанаќ и сечкано фета сирење. Сè убаво измешајте, па додадете го брашното, прашокот за пециво и белките претходно изматени во тврда смеса. Соединете, па со лажица ставете ја смесата во подмачкани калапи за мафини. Се пече во рерна на 180 степени околу 25 минути. Пријатно!



GIPHY App Key not set. Please check settings