Во најновото издание на „Fame Code“, водителот Стефан Крстевски разговараше со познатата модна дизајнерка и инфлуенсерка Маја Кикириткова. Темите обухватија историјата на модата, светските трендови, различни материјали и процесот на создавање на модно парче.
Kикириткова сподели свое видување за промените во модата низ годините, актуелната облека што ја носиме денес и новите трендови кои пристигнуваат во нашата земја. Таа исто така објасни што всушност подразбира создавањето на една колекција.
„Fame Code“ продолжува да нуди интересни разговори за мода, култура, уметност и современиот начин на живот, со гости кои имаат вредни искуства и знаења да споделат од својата професија. Емисијата одамна веќе покрива теми поврзани со мода и стил, со различни лица од македонската јавна сцена.

