in

Македонската мисица се сретна со славната Хурем Султан!

Македонската мисица Ева Величковска моментално се наоѓа во Истанбул. Покрај убавините на турската метропола, таа имаше прилика да се сретне со познатата актерка Мерјем Узерли.

Узерли, која на балканската публика и е позната по толкувањето на Хурем Султан во серијата „Величествениот“, стана еден од најпознатите лица на турската телевизија поради успешната улога.

Величковска сподели фотографии од својот престој во Истанбул на социјалните мрежи, а особено привлече внимание сликата од нејзината средба со актерката која ја играше легендарната Хурем.

Оваа млада убавица годинава ја освои титулата „Мис на Македонија“ и наскоро ќе ја претставува земјата на изборот „Мис на светот 2026“, каде што ќе се натпреварува со конкурсантки од повеќе од 120 држави.

Нејзиниот престој во Истанбул е дел од подготовките за големиот избор, а средбата со Мерјем Узерли е еден од најинтересните моменти на нејзиното патување. Фотографијата со актерката веднаш стана хит, особено меѓу обожавателите на серијата „Величествениот“, која и денес има многу фанови во регионот.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Упозорение за жителите на Драчево: вечерва затворете ги прозорците и вратите!