Мајката Есен Грејс споделува видеа од нејзиниот живот на Инстаграм, како и трикови наречени „Работи што би сакал да ги знаев пред да станам мајка за прв пат“.
Едно такво видео е она каде Есен сподели едноставен, но одличен трик со кој сите родители, особено мајки, нема да имаат болки во грбот поради свиткување.
Откако детето ќе почне да оди, многу родители се наведнуваат да го поддржат детето во првите несигурни чекори, но ако тоа се прави подолго време, може да се појават болки во грбот. Есен смислила одлично решение кое и овозможило да продолжи да го поддржува детето без да чувствува болки во долниот дел на грбот секогаш кога ќе се исправи.
Оваа креативна мама од продавница добила сунѓер за капење, кој и го ставила под пазувите на својата ќерка и ја пуштила да оди без страв дека ќе падне. Нејзината идеја им се допадна на многу родители кои ја следат, а некои напишаа дека и самите ќе мора да го пробаат ова со своите малечки.



GIPHY App Key not set. Please check settings