in

Мерилин Монро и Бритни Спирс се далечни роднини?

Иако потекнуваат од различни генерации и оставиле трага во светот на музиката и филмот во различни епохи, се чини дека Мерилин Монро и Бритни Спирс имаат нешто заедничко во своето семејно потекло.

Според генеалошките податоци објавени од FamousKin, двете ѕвезди се поврзуваат преку Ричард Скот, познат квекерски лидер и еден од раните доселеници на Род Ајленд во XVII век. Според ова истражување, тие се деветти братучетки, трипати отстранети.

Иако роднинската врска е многу далечна и се простира низ повеќе генерации, Монро и Спирс никогаш не се сретнале или познаваа.

Животните приказни на двете ѕвезди, сепак, повторно ја покренуваат темата за нивната поврзаност. Мерилин Монро и Бритни Спирс стнаа култни фигури во поп-културата, а нивните животи беа предмет на постојан интерес од јавноста и медиумите. Обајцата бeа сексуализирани во времето на нивниот најголем успех и се соочуваа со огромен притисок околу нивниот изглед и приватност.

Во случајот на Бритни, посебно внимание доби долго старателство, кое заврши во 2021 година после долга правна битка. Што се однесува до Монро, интересот за нејзиниот живот и кариера остана силен и децении по нејзината смрт во 1962 година.

Иако самите две ѕвезди не потврдиле оваа роднинска врска, генеалошките записи навеле можни врски преку заедничките предци. Случајност или не, двете од најпознатите русокоси во забавната индустрија имаат интересна приказна во своето семејно стебло.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Витаминот Д3 може да забави стареење на клетките, покажува нова студија

Галина Стојаноски од „Hype Zvezde“ заблеска во Орашје со Аца Лукас!