СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К. (31) од Охрид, поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“ според член 131, став 3 од Кривичниот законик.
Според информациите, лицето што ја нападнало девојката е пуштено на слобода, а против таткото на девојката ќе биде поднесена кривична пријава затоа што упатувал закани кон него и кон неговото семејство.


