in

Православните верници денес го одбележуваат Ѓурѓиц, празник со силно духовно значење

Денес, 16 ноември, православните верници го празнуваат Пренесувањето на моштите на светиот великомаченик Георгиј од Никомидија во Лида Палестинска, празник познат и како Ѓурѓиц.

Овој ден е посветен на свети Георгиј Победоносец и припаѓа на есенскиот циклус православни празнувања. Се одбележува во спомен на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем христијански светител.

Свети Георгиј најчесто се празнува на 6 мај, кога се одбележува Ѓурѓовден, но неговиот култ е присутен и наесен, кога, според традицијата, се одржуваат и домашни богослужби.

Покрај верското значење, Ѓурѓиц е поврзан и со народни верувања што навестуваат каква зима ќе следува. Според старите преданија, времето од денес до 24 ноември може да навести какви ќе бидат зимските денови.

Ако во тој период има магла, народното верување вели дека зимата ќе биде променлива и често маглива. Ако, пак, времето е ведро и сончево, се смета дека ќе дојде студена зима со многу мраз.

Во народните обичаи се зачувани и правила поврзани со овој празник. Се верува дека на Ѓурѓиц не треба ништо да се изнесува од домот или да се дава на други, а се избегнувале и одредени домашни работи.

Според обичаите, на овој ден не се преде волна, не се пере облека и жените не извршуваат рачни работи. Одмор имале и занаетчиите, особено кројачите и чевларите.

Овие обичаи се дел од народното наследство и од традициите што се пренесувале од поколение на поколение.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Насилникот што ја претепа девојката во Охрид е пуштен на слобода, а таткото на девојката ќе добие кривична пријава поради закани

Саша Ковачевиќ стана татко: во семејството пристигна здраво машко бебе