in

Научниците открија колку чекори ни се потребни дневно

Ако пешачите околу 8.000 чекори, што е приближно шест и пол километри, еднаш или двапати неделно, може значително да го намалите ризикот од рана смрт, покажува новото американско истражување.

Редовното вежбање е поврзано со помал ризик од смртност, но оваа студија, објавена во списанието JAMA, ги разгледа здравствените придобивки од енергичното одење само неколку дена во неделата.

Истражувачите од Универзитетот во Кјото и Универзитетот во Калифорнија анализирале податоци собрани од 3.100 возрасни Американци.

Резултатите покажале дека кај оние кои пешачеле 8.000 чекори еден или два дена во неделата, веројатноста за смрт во период од десет години била за 14,9 отсто помала отколку кај групата која не ја практикувала.

Луѓето кои оделе 8.000 чекори или повеќе, три до седум дена во неделата имале уште помал ризик од смртност – 16,5 проценти. Најголеми здравствени придобивки од овој тип на одење имаа учесниците над 65 години.

Научниците го поврзуваат одењето околу 8.000 чекори неделно еден или повеќе пати со намален ризик од смрт од која било причина, вклучително и кардиоваскуларни болести.

„Овие резултати сугерираат дека поединците можат да постигнат значителни здравствени придобивки со пешачење само неколку дена во неделата“.

Во истражувањето се користени податоци од 2005 и 2006 година и во него учествувале 3.100 учесници, а податоците за нивната смртност биле испитувани 10 години по истражувањето.

Меѓу учесниците во истражувањето, 632 луѓе не пешачеле ниту еден ден во неделата, 532 пешачеле околу 8.000 чекори еден до два дена во неделата и 1937 пешачеле три до седум дена во неделата.

Според клиниката Мајо, просечниот Американец оди од 3.000 до 4.000 чекори дневно.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Официјално е: Крај за Volkswagen Golf каков што го знаеме

Како да направите малата кујна да изгледа поголема? Тајната е во ормарите