Играње топло и ладно, доцно пишување пораки и не ви се јавуваат – сето тоа се показатели дека тој само се обидува да ве импресионира и дека навистина не е заинтересиран за вас.
За жал, наместо задоволство, врската за некои луѓе е заморна, оптоварувачка, збунувачка, а најчесто тоа е поради несериозноста на еден од партнерите.
Трансформацискиот тренер , специјализирана за партнерски односи, Слаѓана Трикиќ, откри кои се знаците дека мажот сепак не е заинтересиран за вас:
Има многу знаци врз основа на кои можеме да заклучиме дека нашиот партнер повеќе не е заинтересиран. Работата е што често „замижуваме“, се правиме дека не гледаме или не сакаме да прифатиме. И тогаш остануваме во тој однос и се бориме. Ние страдаме. Се понижуваме. Се додека конечно не раскине . А потоа уште повеќе страдаме – вели Слаѓана и открива кои се трите најчести знаци дека не го интересирате:
Ги следи вашите приказни и ги лајкува вашите слики и објави, со што се добива впечаток дека му се допаѓате, но во реалноста, најверојатно тоа го прави со многу други девојки.
Ви пишува доцна навечер, но никогаш не ве прашува да излезете. Кога одговарате на неговите доцни пораки, тоа само го храни неговото его и тоа е се што му треба во тој момент.
Ја игра играта „топло-ладно“. Еден момент изгледа супер заинтересиран, а потоа исчезнува и не одговара. Вие останувате збунети и тој навистина не е доволно заинтересиран.
Има уште многу знаци дека не е заинтересиран, но овие три се најчести – заклучува Слаѓана.



GIPHY App Key not set. Please check settings