Киселите краставици содржат голема количина на вода, протеини, многу малку масти и диетални влакна. Покрај тоа, тие се богат извор на минерали, вклучувајќи калиум, натриум и фосфор. Тие исто така содржат витамини како што се витамин Ц, А, Б-6, Б-12, рибофлавин, ниацин и тиамин. Тие се силен антиоксиданс – го штитат телото од слободните радикали, нестабилните хемикалии кои ги оштетуваат клетките во нашето тело.
Тие се одличен пробиотик – го балансираат варењето и го забрзуваат создавањето на добри бактерии, кои се клучен дел од нашето здраво варење.
Го штитат црниот дроб – освен што го подобруваат варењето, киселите краставички го штитат и црниот дроб и му помагаат да ги филтрира токсините од телото.
Тие го спречуваат создавањето на чир на желудникот – чир е внатрешна рана на желудникот, односно оштетување на мембраната предизвикана од киселини. Киселите краставици го штитат желудникот и го спречуваат создавањето на чирот.
Тие помагаат при дијабетес – истражувањата покажаа дека киселите краставички ја стабилизираат количината на хемоглобинот – протеинот во црвените крвни зрнца кој го транспортира кислородот. Киселоста на краставиците помага во контролирањето на дијабетесот.



GIPHY App Key not set. Please check settings