in

НОВО ОТКРИТИЕ НА НАСА: Пронајдени јасни докази за постоење на езера на Марс (ВИДЕО)

Роверот Curiosity на НАСА најде докази дека на Марс постоеле езера пред неколку милијарди години. Роверот фатил карпи врежани во бранови, насочувајќи ги научниците кон античко езеро.

Научниците беа изненадени кога пронајдоа таков јасен доказ за поранешното постоење на вода во кратерот Гејл.

– Ова е најдобриот доказ за постоењето на вода и бранови, што сме го виделе во текот на целата мисија – изјави Ешвин Васавада од лабораторијата на НАСА Џет Пропулсен, пренесува АФП.

Curiosity претходно пронашол остатоци од солени минерали кои укажуваат дека делови од планетата некогаш биле покриени со езера.

– За време на мисијата се искачивме на многу езерски наслаги, но никогаш толку јасно не сме ги виделе трагите од брановите. Посебно е интересно што се работи за област која веројатно настанала во време кога Марс станувал се посув – изјави Васавада.

„Кјуриосити“ го истражува и подножјето на планината висока пет километри позната како планината Шарп. Таму забележал и остатоци во долината која била однесена од влажните одрони од планината.

– Остатоците од свлечиштето се веројатно најновиот доказ за вода што некогаш ќе го видиме – вели Васавада.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ПИЦА СО ЧЕТИРИ ВИДОВИ СИРЕЊА! Домашната е подобро отколку купената, а готов е за 15 минути

Џеј-Зи и Ники Минаж најдобри рапер и раперка