in

Објавена е листа на „најпаметните“ градови во Европа

ProptechOS го објави Индексот на паметни градови за 2024 година, создаден по истражување и анализа на повеќе фактори.

За градот да биде класифициран како паметен, тој, меѓу другото, мора да има иновативна зелена технологија, ефикасен јавен превоз, големи можности за вработување и силен фокус на одржливоста, пренесува Кликс.

Платформата анализираше сè, од пристапноста на Wi-Fi до бројот на дрвја, аеродроми и работни места во областа на технологијата и беше избран нов „најпаметен град“ за 2024 година.

Најпаметните градови

Годинава тоа е Париз, а француската престолнина доби оценка од 91,8 од 100 во категориите за поврзување и инфраструктура и 89,1 во категоријата технолошки пазар на труд, додека во зелената инфраструктура освои само 51,4 поени. Вкупниот рејтинг е 76,4.

Париз го престигна Лондон – победникот од 2023 година, Лондон, кој падна на второто место со резултат од 73,1, но постигна многу подобар резултат особено во зелената инфраструктура, со 63 поени во таа категорија.

Третото место му припадна на Амстердам со вкупен резултат од 72,8, но импресивни 75,4 во зелената инфраструктура, највисока на листата. Берлин беше четврти со 69, а Мадрид петти со вкупен резултат од 68,5.

Листата на топ 10 паметни градови во Европа се состои од:

  1. Лондон
  2. Амстердам
  3. Берлин
  4. Мадрид
  5. Лисабон
  6. Стокхолм
  7. Луксембург
  8. Даблин
  9. Копенхаген.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Што да правите и што да избегнувате ако ве искаса медуза?

Лесно ги губат нервите: Овие хороскопски знаци се најлошите возачи