Македонска државјанка, Сашка Стојановска, беше осудена на 45 дена затвор во Црна Гора откако судот утврдил дека со автомобил усмртила куче во Улцињ.
На 24 јули, 43-годишната жена, со автомобил “Мерцедес”, преминала преку кучето најмалку двапати, што довело до неговата смрт од здобиените повреди.
Инцидентот привлече големо внимание по објавата на снимка на социјалните мрежи. По пријавата, црногорската полиција ја идентификувала Стојановска и ја привела додека се обидувала да ја напушти земјата.
На неа и беше поднесена кривична пријава за убивање и мачење животни, а претходно и беше одреден 30-дневен притвор поради опасност од бегство. Основниот суд во Улцињ сега изрече пресуда со 45 дена ефективен затвор.
Случајот повторно отвори дебата за односот кон животните и обврската за нивно заштитување од намерна повреда или усмртување.


