Покрај различните козметички производи, здравите навики и третмани, една од најважните работи во однос на негата на косата и кожата е она што го внесуваме во нашето тело, односно начинот на кој се храниме. Познатиот трихолог Хелен Риви (трихологијата е наука за косата и скалпот) сподели совети за тоа што е важно да се земе предвид за раст на косата и издвои еден витамин особено.
Витаминот Ц е важен за многу работи во телото, а една од нив е секако нашата коса, вели таа. Витаминот Ц му помага на телото да го апсорбира железото, а тоа е една од најважните хранливи материи на кои треба да се фокусирате кога станува збор за растот на косата. На многу луѓе им недостига железо, па затоа е важно да се внимава на консумирање доволно храна што го има во својот состав, доколку се грижиме за здрава коса, додаде таа.
Покрај тоа, витаминот Ц помага во производството на колаген во нашата кожа. Нашето тело произведува проколаген со комбинација на две амино киселини – глицин и пролин. Овој процес бара присуство на витамин Ц, кој позитивно влијае на здравјето на косата, го намалува опаѓањето и го подобрува растот на косата. Недостатокот на овој витамин, од друга страна, може да предизвика сува коса и расцепени врвови.
Така, витаминот Ц обезбедува сеопфатна поддршка и за кожата и за косата – но треба да бидете сигурни дека ќе внесувате доволно од него преку вашата исхрана, бидејќи телото не го произведува самостојно. Наш совет е да вклучите некои од следниве намирници во вашите оброци:
- агруми;
- пиперка;
- јагоди;
- домати;
- брокула;
- бриселско зелје;
- зелка;
- карфиол;
- Црна рибизла;
- компир.
Доколку резултатите од тестот на крвта покажат дека имате недостаток на витамин Ц, по консултација со вашиот лекар, можете да земете и соодветни додатоци на исхрана богати со витамин Ц.



GIPHY App Key not set. Please check settings