in

ОВИЕ НЕКОЛКУ РАБОТИ ќе ви помогнат да го смирите вашето куче за време на невреме со грмотевици!

Ако вашето куче се плаши од гром, еден од начините на кои можете да го смирите е да му завиткате парче облека околу стомакот.

За да го смирите кучето во овие ситуации, треба да ги примените следните ставки:

  • Ставете го кучето во најтивката соба
  • Посветете му доволно внимание
  • Затемнете ја просторијата
  • Завиткајте го
  • Консултирајте се со ветеринар

ТИВКА СОБА

Кога ќе забележите дека настанува бура, однесете го вашето куче во тивка просторија. Донесете му го креветчето или ќебето и направете му удобност. Оставете му неколку играчки, а најдоброто нешто би било да бидете со него. Ако тоа не е можно, оставете малку од вашата излитена гардероба, за тој да се чувствува помирно.

ВНИМАНИЕ

Вниманието од сопственикот е добра идеја или во форма на галење или дури и играње со топка. Ова зависи од кучето и треба да се проба, не секое куче ќе сака да игра.

ЗАВИТКАЈТЕ ГО

Земете парче облека и завиткајте го околу стомакот на вашето куче. Нежниот притисок може да ја ублажи анксиозноста и да направи кучето да се чувствува посигурно.

КОНСУЛТУВАЈТЕ СО СВОЈОТ ВЕТЕРИНАР

Ако овие совети не помагаат, а вашето домашно милениче е многу вознемирено за време на невремето, најдобро е да се јавите кај ветеринарот. Постојат лекови за ублажување на анксиозноста кои можат да помогнат, но никогаш не ги давајте сами без претходно да се консултирате со ветеринар, наведуваат на еден профил на социјалната мрежа Инстаграм, посветен на домашните миленици.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

24-годишната девојка на Пике доби понуда: Милион долари за една фотографија

Анџелина Џоли се откажува од глумата?