in

Овие трикови ќе го полудат вашиот партнер и ќе ја подигнат температурата во спалната соба

Совршената интимна врска бара многу работи. Покрај меѓусебната привлечност, комуникација и релаксација, важни се и малите трикови кои дополнително ги разгоруваат страстите, а со кои вашиот маж ќе доживее огномет од боите на виножитото.

Експертите советуваат отворено да зборувате за секси работи во кои тој ужива. Време е да се започне темата кога тензијата е веќе во воздухот. Не двоумете се да зборувате за тоа што би сакале да правите во кревет. Никогаш не ја потценувајте моќта на сугестија.

Мажите реагираат визуелно, па секси долната облека која се лизга од вашето тело е добитна комбинација. Тие сакаат да ги гледаат своите поубави половини оскудно облечени и во провокативни пози. Затоа, не го исклучувајте светлото бидејќи тоа може да го излади.

А фетиш игрите се многу стимулативни. Речиси и да нема маж кој не фантазирал дека ќе го дочека девојка облечена како секси професорка, медицинска сестра или слугинка.

Пред да започнете некоја сериозна акција, погрижете се да ги истражите неговите ерогени зони. Жените обично знаат што им се допаѓа на нивните партнери, но има и точки на кои никогаш не размислувате. Покрај вратот, долниот дел на стомакот и ушите, проверете како реагира кога ќе му ги бакнувате бутовите, колената или челото. Ќе се изненадите…

Со бакнежи, нежно допирајте го неговиот најчувствителен дел. Грубото играње може да биде болно и контрапродуктивно. Повеќето мажи уживаат во орален секс, но има и исклучоци. Дознајте што мисли тој за идејата пред да тргнете во авантура.

За време на сексот гледајте го право во очи. Доколку не сте срамежливи и знаете како да го дадете тој дрзок, заводлив изглед, загарантирана е експлозија на страст!

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Палави игри за млади и стари: НЕЖНО МЕ ВРЗИ

Дневен хороскоп за 1 март